Албанци провоцирале Срби пред хотелот во Германија каде што се сместени српските фудбалери

од Nikola Popovski
4,8K прегледи

Српските медиуми пренесуваат дека вчера во Германија дошло до ситни провокации откако српските фудбалски репрезентативци стигнале на германско тло по повод Европското првенство. Веднаш по пристигнувањето на српските фудбалери во Аугсбург во хотелот „Максимилијан“, забележани биле и Албанци кои дошле за да ги испровоцираат присутните навивачи.

Откако српските фудбалери излегле од автобусот и тргнале директно во хотелот на овации на присутните навивачи, во близина се појавил автомобил со албански државјани, пишува српска „Нова“, која објави видео од настанот.

Според пишувањата, тие ги провоцирале српските фанови, пуштале гласна музика, а како што објавува споменатиот медиум, го покажувале и симболот двоглав орел.

-Албанците неколку пати со својот автомобил го обиколија хотелот, но не успеаја да ги испровоцираат српските навивачи, кои се собраа да им дадат поддршка на српскте фудбалери, стои во текстот на српска „Нова“.

На ЕП, Србија е во група со Англија, Словенија и Данска, додека албанската фудбалска репрезентација се најде во друштво на Италија, Шпанија и Хрватска.

Слични содржини