Апсење во Виена: Македонски и српски државјанин завршиле во затвор

од Nikola Popovski
2,6K прегледи

Истрагите на Виенскиот оддел за борба против уличен криминал (EGS) довеле до две апсења и заплена на повеќе од 50 килограми дрога. Уличната вредност на дрогата била околу 700.000 евра.

„EGS“ првин уапсила 30-годишен државјанин на Македонија, информира австриската полиција. Откриен бил таканаречен „бункер“, односно стан во Отакринг каде биле скриена дрогата, јавуваат тамошните медиуми.

Портпаролот на виенската полиција, Маркус Дитрих соопштил дека лицето претходно се обидело да избега, фрлајќи две кеси во кои имало околу 30 килограми канабис и 94 електронски цигари со ТХЦ.

Македонскиот државјанин бил уапсен во станот. Таму била пронајдена и поголема количина опојни средства. Запленети се вкупно речиси 52 килограми смола канабис, околу 2,3 килограми марихуана, електронски цигари ТХЦ и речиси 60.000 евра готовина.

По наредба на виенскиот јавен обвинител, лицето е одведено во виенски затвор.

Речиси во исто време е откриено и одгледување на растението канабис во подрум од ресторан во Пензинг. Објектот бил откриен поради многу силен мирис кој се чувствувал со денови.

Кога пристигнале полицајците од „EGS“ заедно со полициските кучиња, откриле 336 растенија канабис. Сопственикот, 30-годишен Србин, се обидел да побегне, но бил уапсен и одведен исто така во затвор.

Слични содржини