Клучните политики во повеќе сектори на кои СДСМ беше посветен во изминатите години во основа ја имаа социјалдемократската идеологија и вредности. Јас не сум еден од оние кои сметаат дека сме излегле од оваа рамка.
Ова во изјави Венко Филипче кандидатот за претседател на СДСМ во интервју за „Фокус“.
„Во време на криза вложивме во маргинализираните, со цел одржување на социјалните разлики на минимум. Понатаму, вложивме многу средства во социјална заштита и намалување на нееднаквоста, но и ги втемеливме либералните и демократските вредности во нашето работење преку унапредување на слободата и демократијата на секое ниво“, појаснува Филипче.
И концептот „Едно општество за сите“ што во основа ги има единството и солидарноста кои се темели на социјалдемократијата беше застапен во сите политики и навистина ми е жал што во текот на мандатот беше заборавен и напуштен, вели Филипче.
„Понатаму, вложивме силно во нашите евроинтеграции, како единствен пат што овозможува подеднакво напредок и стабилна иднина за сите“, навел Филипче.
Според него, од идеолошки аспект, потребно е реафирмирање на социјалдемократските вредности и нивно преточување во конкретни политики што тој ќе го направи доколку биде избран за претседател на СДСМ.
„СДСМ, под мое водство, ќе продолжи да се бори за социјална правда, еднаквост и демократија. Не смее да дозволиме популистичкиот бран да нѐ оттргне од посветеноста на принципите што нè дефинираат како социјалдемократи“, изјави Филипче за „Фокус“.