2,K
Пауло Фонсека и официјално е нов тренер на италијанскиот гигант Милан. Договорот на 51-годишниот специјалист е на три години.
Тренерот до неодамна го водеше францускиот Лил, а на клупата на „росонерите“ го наследува Стефано Пиоли.
Фонсека веќе има искуство во италијанскиот фудбал. Во периодот 2019-2021 година беше на чело на Рома, а претходно три години беше тренер на Шахтјор Доњецк.
Тренерската кариера на Фонсека минува и преку Брага, Пакос Фереира, Порто и Алавес.