СДСМ Аеродром не стои зад транспарентот против Филипче – се работи за саботажа, тврдат од општинската организација

од Nikola Popovski
2,6K прегледи

Општинската организација СДСМ од Аеродром најостро го осудува чинот за поставување на транспарентот против кандидатот за претседател Венко Филипче. Според општинската организација, СДСМ Аеродром не стои зад овој настан кој го сметаат за саботажа од страна на други политички субјекти со цел да внесат раздор во партијата.

-СДСМ Аеродром е отворена за секој, дава силна поддршка на фер и достоинствена кампања за претседател со цел демократски да избереме нов претседател и раководство кое ќе ја води партијата до нови победи. СДСМ Аеродром апелира граѓаните да не подлегнуваат на ваквите манипулации и подметнувања од оние кои не и мислат добро на СДСМ, стои во соопштението.

Во текот на денот, можеше да се види голем транспарент поставен пред општинската организација на СДСМ во Аеродром, на кој пишуваше „Венко (Заев) за вас вратата е затворена“.

Канцелариите на општинската организација се наоѓаат во ТЦ „Три Бисери“.

Покрај Филипче, кандидати за нов лидер на СДСМ се и Јован Деспотовски, Славјанка Петровска и Александар Бајдевски.

Слични содржини