2,3K
Неочекувано изненадување во Дортмунд – Един Терзиќ поднесе оставка од функцијата тренер на Борусија.
Терзиќ реши да поднесе оставка само 12 дена по финалето од Лигата на шампионите во кое Борусија беше поразена од Реал со 2:0.
Тој по втор пат во три години му порача на раководството дека е време да го напушти клубот.
Секако, допрва ќе има состанок на кој официјалните лица ќе се обидат да го убедат Терзиќ да остане.
На средбата ќе биде и правниот советник Робин Штеден, кој сугерира дека во овој момент е поблиску до разделба отколку продолжување на соработката, објави германски „Скај спорт“.