2,6K
Олимпик Марсеј му понуди тригодишен договор на поранешниот менаџер на Брајтон, Роберто Де Зерби. Според Фабрицио Романо, преговорите се во напредна фаза и голема е веројатноста ова да биде следната работа на 45-годишниот Италијанец, кој на самиот крај од изминатава сезона најави разделба од „галебите“.
Де Зерби беше поврзуван со Челси, Ливерпул, Манчестер Јунајтед, Барселона, Баерн (Минхен) и Јувентус, но на крајот не се разбра со секој од тие гиганти.
До неодамна фаворит за тренерското место на Марсеј беше Серхио Консеисао, но се чини дека оваа опција пропадна и сега на дневен ред е Де Зерби.
Според италијанските медиуми, младиот стручњак работата во Лига 1 ја гледа како одлична можност да стекне дополнително искуство.