Се уште актуелниот МНР, Бујар Османи издал наредба веднаш, уште денеска, на поранешната ТВ-презентерка Бесмира Ејупи да ѝ биде изготвен дипломатски пасош, за да стане дипломат во конзулатот во Бон, Германија – нешто за што вообичаено се потребни најмалку 15 дена.
Од МНР потврдуваат дека Ејупи ќе биде испратена таму „на испомош“, поради зголемен обем на работа имајќи предвид дека кон Македонија ќе тргнат иселеници на кои им се потребни патни документи.
Додаваат дека во некои козулати времено се испразнети работни места поради годишните одмори и други отстуства и дека има потреба од испомош.
Ејупи за првпат јавноста ја запозна пред две години кога се дозна дека таа, претходно позната како презентерка на една телевизија, всушност е вработена во МНР и дека министерот Османи веќе ја назначил за конзул во Њујорк.