Ријалити ѕвездата Кортни Кардашијан (45) во последната епизода на „The Kardashians“ откри како таа и нејзиниот сопруг Тревис Баркер (48) конечно почнале да живеат заедно, пишува Page Six. Претходно, парот живееше одвоено, а нивните куќи беа оддалечени само неколку метри. Кардашијан објасни како долго го чекала овој чекор поради децата.
– Тревис и јас навистина одвоивме време да сфатиме каде ќе има смисла да живееме заедно за на децата да им биде удобно – објасни таа.
Таа во емисијата додала дека не сакала да ги вознемирува своите деца и дека на почетокот се двоумеле дали да се вселат заедно. Мислела, вели таа, дека можеби нивниот заеднички живот ќе се меша во начинот на живот на нивните деца.
– Се чини дека досега смисливме план, па ќе се преселиме во неговата куќа, која е на еден блок одалечена од мене – додаде таа.
Кортни и тапанарот се венчаа во Санта Барбара во мај 2022 година, а првото заедничко дете го добија на 4 ноември. Инаку, ова е четврто дете на Кортни. Таа има три деца со поранешниот партнер Скот Дисик, синовите Мејсон и Рејн и ќерката Пенелопе.
Тревис има две деца од претходниот брак, синот Лендон и ќерката Алабама и е очув на Атиани Де Ла Хоја, која неговата поранешна сопруга ја имаше во првиот брак.