Манчестер Јунајтед планира да се откаже од привлекување на дефанзивецот на Евертон, Џеред Брентвејт, пишува The Daily Telegraph. „Црвените ѓаволи“ веќе неколку месеци со интерес ги следат настапите на фудбалерот.
Тие дадоа понуда од 43 милиони фунти, при што раководството на „карамелите“ ја одби сумата и инсистираше на најмалку 50 милиони. Од централата на гигантите од Манчестер соопштија дека размислуваат да ја повлечат понудата. Една од опциите за алтернатива на централниот дефанзивец е Матијс Де Лихт од Баерн Минхен.
Брентвејт (21) пристигна на „Гудисон Парк“ во 2020 година под водство на Карло Анчелоти. За тимот од градот на Битлси одигра 54 натпревари и постигна 4 гола.
Во својата кариера ги бранеше боите на Карлајл Јунајтед, Блекбурн Роверс и ПСВ Ајндховен.