Советот на амбасадори изрази сочувство по повод смртта на Стојан Андов

од Vladimir Zorba
5,1K прегледи

По повод смртта на Стојан Андов, првиот претседател на Собранието на самостојна Република Македонија, Советот на амбасадори изразува сочувство до неговото семејството, пријателите и сите почитувачи на неговото дело како политичар, педагог, економист, публицист и амбасадор.

Освен како прв претседател на македонскиот парламент ќе остане запаметен и како висок функционер и член на владата во СФРЈ, вешт политичар, аналитичар, преговарач, толкувач и советодавец кој успешно раководеше со работата на Собранието на МК во клучни, понекогаш и драматични моменти од политичката историја на самостојната македонска држава.

СА потсетува дека Стојан Андов, во својство на сојузен министер, беше и главен преговарач помеѓу СФРЈ и Европската Економска Заедница, а под негова палка беше склопена спогодбата која што ги регулираше, ги прошири и ги продлабочи југословенско-европските односи. Оваа спогодба предвиде и постепена интеграција на поранешна СФРЈ во тогашната ЕЕЗ, што беше замаец и за евро-интегративниот пат на независна Република Македонија.

Советот на амбасадори изразува благодарност за сѐ што направил Стојан Андов во полза на македонскиот народ и народите што живеат во независна Северна Македонија.

Нека почива во мир! “

Слични содржини