Без разлика дали го консумирате за појадок или за ужина, смутито е секогаш вкусно, лесно за подготовка и полно со витамини. Покрај тоа, може да се подготви од цела палета на овошје и зеленчук. Се што треба да направите е да ги ставите состојките во блендерот и подготовката е готова. Или не?
Според студијата објавена во научното списание Food and Function, бананите не треба да бидат дел од смути. Научниците од Универзитетот во Калифорнија открија дека бананите можат да ја намалат хранливата вредност на другите состојки, како што се бобинките.
Бобинките се богати со флавоноиди и се познати по своите антиоксидантни својства и се поврзани со голем број здравствени придобивки: позитивно влијаат на кардиоваскуларниот систем, го намалуваат нивото на холестерол, обезбедуваат добра циркулација на крвта и силен имунолошки систем. Бананите се дел од речиси секое смути и се богати со витамини и минерали како што се калиум, магнезиум и витамин Б6. Покрај тоа, тие се лесно сварливи и корисни за цревни проблеми.
Па што е проблемот? Бананите содржат ензим полифенол оксидаза (PPO), кој ја намалува биорасположивоста на флавоноидите. Поточно, тоа значи дека со додавање на банана во смути со бобинки, телото апсорбира помалку од секундарната растителна материја.
„Бевме изненадени кога откривме колку брзо додавањето на само една банана ја намалува количината на флавоноиди во смутито, а со тоа и нивото на флавоноиди во телото“, објаснува водачот на студијата д-р Хавиер Отавијани.
„Бананите се уште се добра опција за правење смути, но не и ако сакате да ги зачувате флавоноидите“, истакнува Отавијани.
Ако не сакате да се откажете од вредните секундарни растителни материи, експертот препорачува храна со ниска содржина на PPO, како што се ананас, портокал, манго и јогурт.