19-годишно момче од с.Никуштак загина во сообраќајка на патот Куманово – Липково

од Vladimir Zorba
3,1K прегледи

Тинјеџер од липковското село Никуштак загина во сообраќјна несреќа што се случила на регионалниот пат Куманово-Липково, соопшти денеска полицијата.

Според МВР вчера  во 17: 20 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово – Липково, во селото Оризаре, липковско, патничко возило „опел зафира“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Р.А.(21) од селото Никуштак, општина Липково, излетало од коловозот.

-Во несреќата од здобиените повреди на местото починал сопатникот Р.А.(19) од Никуштак, а лекар од Здравствен дом Липково констатирал смрт.Возачот Р.А. се здобил со телесни повреди, констатирани во болницата во Куманово, соопшти полицијата.

Увид изврши екипа на СВР Куманово.

Деветнаесетгодишно момче од липковското село Никуштак загина во сообраќајка на патот Куманово – Липково.

Слични содржини