Саутгејт: Немаше да победиме против Србија без Фоден

од Vladimir Zorba
2,1K прегледи

Селекторот на Англија, Герет Саутгејт знае дека луѓето сакаат да ја видат „секси“ страната на Фил Фоуден, но верува дека неговата екипа немаше да може да ја победи Србија доколку не беше неговата неверојатна работа без топката во нозе.

„Мислам дека Фил направи неверојатна работа за тимот во неделата“, изјави Саутгејт за телевизијата ITV и продолжи: „Без придонесот на Фил без топка – и знам дека не е секси и сите сакаат да го видат на топката – не мислам дека ќе победиме во натпреварот“.

„Кога ни требаше некој да ја држи топката и да го преземе притисокот, мислам дека тој го направи тоа навистина добро“, додаде Герет Саутгејт, а на прашањето дали се согласува дека има уште едно ниво пред Фоден, тренерот на Англија рече:

„Мислам дека Фил очигледно ја подигна границата неверојатно високо во Манчестер Сити каде што точно знае каде ќе биде секој од неговите соиграчи секогаш кога ќе ја земе топката. Во националниот тим мораме да се прилагодиме на различни соиграчи, тие прават различни движења и мора да се приспособат“.

Слични содржини