Брони Џејмс – или со неговиот татко или во Феникс

од Vladimir Zorba
1,9K прегледи

Рич Пол, агентот и пријател на Леброн Џејмс, објасни зошто наследникот на неговиот клиент тренирал само со два тима на пробата пред драфтот во НБА.

Леброн Џејмс Јуниор тренираше само со Феникс Санс и Лос Анџелес Лејкерс, тимот на неговиот татко. Се пишуваше за тоа дека на франшизите им било тешко да го убедат потомството на суперѕвездата да се испроба во нивниот табор, но Пол тврди дека тие не сакале намерно да се наметнуваат и дека сето тоа било дел од нивниот план.

„Тука нема ништо ново. Нашата цел е да најдеме тим кој ќе го цени нашиот човек и ќе се обидеме да го „протуркаме“ таму. Важно е да се разбере контекстот и да се разбере дека тоа отсекогаш била стратегијата со многу мои клиенти, особено со идните како Брони“, објасни Пол за ESPN.

Агентот на Брони е заинтересиран само за „вистинската понуда“.

„Тешко е да се постигне вистински развој на двонасочен договор. Не ми е гајле дали ќе оди во Лејкерс, Санс или некој трет тим како Минесота, Далас или Торонто. Важно ми е само да се вклопи“, категорично изјави Пол.

Лејкерси имаат право на 17. и 55. пик, а Санс на 22. Пол верува дека Брони речиси сигурно ќе игра за еден од тие два тима.

„Лејкерс и Санс, тоа е тоа. Ако некој ми се јави во последен момент, можеби нешто ќе се одвива поинаку“, заклучи Пол.

Слични содржини