Асот на Манчестер Јунајтед одбил понуда на Баерн

од Vladimir Zorba
2,1K прегледи

Дефанзивниот играч за врска на Манчестер Јунајтед, Касемиро ја отфрли можноста да потпише за Баерн Минхен.

Неколку германски изданија тврдат дека Баварците го барале 32-годишниот Бразилец, но тој одбил да се пресели на „Алијанц Арената“.

Кариоката игра за Манчестер Јунајтед од летото 2022. Касемиро минатата сезона забележа 32 настапи за „црвените ѓаволи“ во сите натпреварувања, постигнувајќи пет гола и три асистенции.

Неговиот договор со Манчестер Јунајтед е до летото 2026 година, но постои огромна можност тој да го напушти „Олд Трафорд“ во наредните месеци.

Слични содржини