2,3K
Сопственикот и претседател на кошаркарскиот тим Панатинаикос, Димитрис Јанакопулос, доби осуммесечна забрана да присуствува на натпреварите од грчката лига. Дополнително, газдата на шампионот во Евролигата е казнет и со 35.000 евра за постапки и изјави кои се сметаат за клевета на спортот и дадени пред, за време или по натпревар од првенството, соопшти грчкиот спортски суд.
За време на решавачкиот петти натпревар од финалната серија за титулата со Олимпијакос, Јанакопулос постојано ги навредуваше судиите, правејќи го тоа и додека тие се упатувале кон соблекувалните по последниот судиски свиреж.
Панатинаикос ја освои титулата во Грција по пресвртот од 0-2 до 3-2 против својот вечен ривал.