Милијардери од Британија осудени за експлоатација на работници: Ги терале да работат 18 часа дневно

од Nikola Popovski
311 прегледи

Четворица членови на најбогатото семејство во Британија се однесени во затвор поради злоупотреба на индискиот персонал во нивната вила во Женева. Пракаш и Камал Хиндуџа, како и нивниот син Ајај и неговата сопруга Намрата, беа прогласени за виновни за експлоатација и незаконско вработување пред швајцарскиот суд и осудени на затворска казна од четири до четири и пол години, пишува Би-Би-Си.

Тие биле ослободени од посериозните обвиненија за трговија со луѓе. Адвокатите кои ги застапуваат обвинетите соопштиле дека имаат намера да поднесат жалба на пресудата. Говорејќи пред судот, адвокатот на обвинетите, Роберт Асаел, рекол: „Шокиран сум. Ќе се бориме до крај“.

Тројцата работници кои биле донесени од нивната родна Индија тврделе дека семејството им плаќало само седум фунти за 18 часа дневно, што е помалку од една десетина од сумата што ја бара швајцарскиот закон. Им ги одзеле и пасошите.

Богатството на британското семејство се проценува на 37 милијарди фунти.

Тие, исто така, тврделее дека семејството ретко им дозволувало да ја напуштат куќата, која се наоѓа во богатиот кварт Келн во Женева.

За време на судењето, обвинителите тврделе тдека семејството потрошило повеќе на своето куче отколку на своите слуги. Одбраната тврдеше дека вработените имале големи придобивки, не биле држени во изолација и можеле слободно да ја напуштат замокот.

Слични содржини