Пратеникот на коалицијата ВЛЕН, Аднан Азизи во говорот до пратениците на Европскиот фронт истакна дека во редовите на ДУИ е најден Иван Стоилковиќ, претседателот на Демократската партија на Србите во Македонија.
„Не го доведовме Стоиковиќ, го најдовме меѓу вас. Ниту Стоилковиќ, ниту Вучиќ, ниту Србија, ниту Русија не им наштетиле на Албанците колку што им наштети ДУИ. Испративте над 50 отсто Албанци во егзил“, изјавил Азизи од Собранието.
Тој од собраниската говорница покажал фотографии од Бујар Османи со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, од лидерот на ДУИ, Али Ахмети со српскиот претседател, Александар Вучиќ и други фотографии од функционерите на ДУИ додека биле на власт.
Предлогот Стоилковиќ да биде заменик претседател на владата и министер кој ќе раководи со ресорот задолжен за односите меѓу заедниците, предизвика размена на критики во опонентските блокови на партиите на Албанците.