1,9K
Осуммесечно бебе починало за време на транспорт со брза помош од прилепската болница за Скопје. Тоа вчера попладнето било донесено во Прилепската болница во многу тешка состојба од страна на неговата мајка.
Според информациите, откако било прегледано од лекар педијатар, веднаш одлучил да го испрати до повисока здравствена установа. Детето не го издржало транспортот, па починало во возило на Брзата медицинска помош на пат до Скопје.
Бебето немало извод од родените и затоа случајот е пријавен во полиција.
-По насоки на јавен обвинител, телото на починатото бебе било предадено на обдукција, велат од СВР Битола.