Невил во неверување поради Роналдо

од Vladimir Zorba
350 прегледи

Поранешниот играч на Манчестер Јунајтед, Гери Невил е воодушевен од настапот на Кристијано Роналдо, кој и на 39 години игра на врвно ниво.

Напаѓачот на Ал Наср одржа фудбалска лекција во победата на репрезентацијата на Португалија против Турција (3:0), а неверојатен податок е дека Роналдо во професионалната кариера на клупски и на меѓународен план постигна 895 голови.

„Не ми се верува дека постигна 895 голови. Тоа изгледа како грешка. Се разбира, знаев дека обично постигнува неколку голови, но да бидам искрен…“, застана Невил за момент и ја продолжи приказната за својот поранешен соиграч:

„Кај него сè е професионализам – никогаш во кариерата не се подготвувал за натпревар безгрижно. Тој е феномен, еден од најголемите што сме ги виделе или ќе ги видиме. Неговата посветеност и желба за победа се неверојатни, а 895 гола е на работ на невозможното“.

Роналдо минатата сезона одигра 32 натпревари за Ал Наср во сите натпреварувања и постигна 29 гола со 11 асистенции.

Португалија ги забележа двете победи во групата Ф на ЕП и обезбеди пласман во осминафиналето, а во третото коло ќе се сретне со Грузија на 26 јуни.

Слични содржини