Баерн тргна во офанзива за една од ѕвездите на Интер

од Vladimir Zorba
335 прегледи

Баерн Минхен започна офанзива за привлекување на играчот од средниот ред на Интер, Хакан Чалханоглу. „Баварците“ се насочија кон 30-годишниот турски репрезентативец, откако преговорите со Фулам за Жоао Палиња пропадна. „Котиџерите“ бараат околу 65 милиони евра за својот играч, додека германскиот гигант нуди 20 евра помалку.

Од „Алијанц Арена“ му понудиле договор на 4 години на Чалханоглу, тврди новинарот Николо Шира. Дополнително, платата што би ја добил во Баерн е поголема отколку кај „нероазурите“.

Во информациите се наведува дека Баварците во моментов подготвуваат понуда до италијанскиот шампион за играчот од средниот ред.

Чалханоглу е дел од Интер од летото 2021 година. Тој има договор со тимот на уште три години.

Фудбалерот од средниот ред кариерата ја започна во Карлсруе. Потоа помина низ Хамбургер, Баер Леверкузен и Милан.

Слични содржини