Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска тврди дека од утринава приватните превозници не возат со редуциран градски превоз. Прашува „кој на граѓаните ќе им го надомести стресот кој што е пласиран со информациите дека нема да има приватни автобуси на улиците“.
-Непознат извор, кажал возач…Кој ќе ја надомести штетата на граѓаните? Зошто континуирано се штети на целиот процес и се што е во Градот Скопје само заради политички пресметки. Јас колку што знам такви долгови нема. 140 милиони денари се премногу пари. Тие информации треба да се проверат со ЈСП. Градот Скопје нема никаков финансиски односи со приватните превозници, кажа Арсовска во емисијата „Студио 10“.
Градоначалничката е децидна дека нема застој во приватниот превоз.
-Јавниот превоз функционира нормално, додаде Арсовска.
Скопјани речиси две години се жалат од јавниот превоз, бидејќи автобусите се нередовни, а кога доаѓаат се преполни со патници. Приватните превозници штрајкуваа половина година, од декември 2022-та, до мај лани поради долг од еден и пол милион евра.
Во изминатите денови проструи информација дека приватните превозници ќе ги паркирааат автобусите во гаражите. Беше објавено дека ќе возат само од 5 до 10 часот.