Курти навиваше за Албанија: Нè направивте горди, иднината ветува

од Nikola Popovski
231 прегледи

Синоќа косовскиот премиер, Албин Курти, откако албанската репрезентација со пораз се прости од Европското првенство во Германија, соопшти дека играчите ги направиле сите горди и дека иднината на албанската репрезентација е ветувачка.

-На зелениот терен изгледаше како да сме редовни учесници на европските првенства, а надвор од него и на стадионот, како да сме локални жители, а тоа беше само второ учество на Албанија на ЕП“, напишал Курти.

Вечерва, потсетил, дека претрпеле пораз од трикратниот европски и еднократниот светски првак, а претходно од Италија – двократниот европски првак и актуелниот шампион и четирикратен светски првак, заедно со ремито со Хрватска, вицешампионот на СП во 2018 година, во, како што наведува, „најубавиот натпревар на турнирот досега“.

-Оваа група играчи не направи горди. Иднината ветува. Очекувањата што ги имавме се само најсилното сведоштво за стандардите што ги поставивме, објавил Курти, кој уште пред почетокот на првенството истакнал дека ќе навива за Албанија.

Албанија синоќа изгуби со 1-0 од Шпанија и ги заврши натпреварите на ЕУРО 2024 со два порази и едно реми.

Слични содржини