Членот на СДСМ и поранешен пратеник, Мартин Костовски упати сериозни критики кон своите сопартијци во пресрет на внатрепартиските избори. Според него, дел од членовите со најважните функции во партијата „глумеа мали богови“.
-И покрај катаклизмата од епски размери што се случи на нашиот СДСМ, некои кои глумеа “мали богови” продолжуваат да се смееат, зезаат и да се однесуваат лабаво како некој друг да е крив, а не тие.
Помина времето на службени пасати и глумење лудило, помина фразата„шефе“ најдобар си, од денеска некои слични на вас почнаа да го глумат тоа лудило.
Во недела СДСМ избира претседател, нека победи најдобриот, нека го направи неопходниот “РЕЗ” и од следен понеделник врзување на патики и пак на улица со чесни луѓе, со луѓе кои немаат криминали и луѓе кои искрено ја сакаат петокраката и розата, знам дека многу од „новите сдсмовци“ веќе се со отворени уста кај новата власт, ама не има оние будалите кои ќе издржиме и пак ќе победиме, порача Костовски.
Заврши регистрацијата на членовите за внатрепартиските избори во СДСМ. За гласањето за нов лидер се пријавиле над 20 илјади членови.
Во трката, четворица кандидати, екс-министрите Филипче и Петровска, директорот на ТИРЗ, Деспотовски и поранешниот заменик-министер Бајдевски. Социјалдемократите ќе добијат нов лидер на 30-ти јуни.