Курти му честита на Мицкоски: Со нетрпение очекувам да ги зајакнеме билатералните односи

од Nikola Popovski
81 прегледи

Косовскиот премиер Албин Курти му честитал на Христијан Мицкоски за преземањето на функцијата нов премиер на Македонија.

Во честитката Курти навел дека Косово и Северна Македонија не се само соседи, туку се блиски сојузници и партнери ориентирани кон НАТО, регионалната соработка и интеграцијата во ЕУ.

„Честитки до Христијан Мицкоски за изборот за претседател на Владата на Република Северна Македонија. Косово и Северна Македонија не се само соседи, туку се блиски сојузници и партнери во ориентацијата кон НАТО, регионалната соработка и интеграцијата во ЕУ. Од автопатот Призрен-Тетова до одбраната и безбедноста, со нетрпение очекувам да работам со вас за уште повеќе да ги унапредиме нашите веќе робусни билатерални односи.“, напишал Курти на социјалната мрежа „Х“.

Слични содржини