Една од големите ѕвезди на Белгија, Кевин де Бруин ги отпиша „црвените ѓаволи“ за претстојниот натпревар против Франција на Европското фудбалско првенство во Германија. Играчот од средниот ред на Манчестер Сити изјави дека тој и неговите соиграчи се аутсајдери на натпреварот против „петлите“ во 1/8-финалето на натпреварувањето.
Де Бруин го прокоментира настапот на Белгија на последниот натпревар од групата Е на Евро 2024 против Украина. Натпреварот заврши со резултат 0:0, а со тоа „црвените ѓаволи“ останаа на второто место во конечниот поредок, што им донесе посилен противник во осминафиналето на турнирот.
„Префериравме да победиме и сега сме во тежок тек, но очигледно дека така мора да биде. Мора да се опоравиме. Ние сме аутсајдери против Франција. Многу сум задоволен од играта на тимот, заслуживме да победиме. Ни беше тешко бидејќи со само еден примен гол можевме да бидеме елиминирани“, објасни Кевин де Бруин.