Челси постигна вербален договор со Барселона за активирање на откупната клаузула од 5 милиони фунти во договорот на шпанскиот младинец Марко Гиу.
Челси е подготвен да закаже медицински прегледи во Лондон за 18-годишниот напаѓач, објави Би-Би-Си.
Барселона наводно била подготвена да ја отстрани таа „скромна“ откупна клаузула од договорот нудејќи му на Гиу продолжување.
Сепак, по разговорите со претставниците на шпанскиот фудбалер, Челси е блиску до трансфер, кој ќе го засили нападот во следната сезона.
Гиу помина низ познатата фудбалска академија на Барселона „Ла Масија“, а минатата година на дебито за Б тимот постигна гол по само 23 секунди.
Како што пренесува Би-Би-Си, Гиу е типична и брза „деветка“, но со мало искуство, откако постигна само два гола во сениорска конкуренција.