Првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски информираше дека цената на струјата кај домаќинствата, од 1-ви јули ќе се зголеми за 0,4%. 88% од домаќинствата се во првиот и вториот тарифен блок, со оглед на потрошувачката.
Кај 8% од домаќинствата кои имаат потрошувачка и се наоѓаат во третиот блок, нивниот трошок за електрична енергија ќе се зголеми се 0,48% и за 4% од домаќинствата од четвртиот блок, нивниот трошок ќе се зголеми за 0,57%.
-Да бидеме попрецизни, во првиот блок нема промена, во вториот блок има зголемување од 0,85%, во третиот блок од 1,92% а во четвртиот од 1,88%. Евтината струја ќе се зголеми за 0,65%, додаде Бислимоски.
Според првиот регулатор, измените на Законот за енергетика кои што поминаа во Собранието, овозможија да се примени новата маржа, која што сега изнесува 9,9%, наместо претходните 11,5%.
-Овие измени на Законот овозможија ЕВН Хоум да продолжи да ја врши дејноста без да има потреба да се формира нова компанија и да настанеше конфузија, во текот на месец јули граѓаните да добиваа две сметки за струја. Не предизвикуваме никакви ценовни шокови, подвлече Бислимоски на прес-конференцијата.