40
Во Франција гласачките места се затворија во 20 часот во првиот круг од вонредните парламентарни избори на кои повеќе од 49 милиони граѓани имаат право да гласаат и да изберат 577 членови на Националното собрание.
На парламентарните избори до 17 часот излегле 59,39 отсто од гласачите, што е рекордна излезност во првиот круг од 1978 година, кога излезноста била 68 отсто, покажуваат податоците на француското Министерство за внатрешни работи.
Исклучок се изборите во 1986 година, кои се одржаа според пропорционална застапеност во еден круг.