19
Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо, претпладне со локален краткотраен пороен дожд и ретки грмежи, особено во западните делови, соопштија од УХМР. Долж Повардарието ќе дува засилен северен ветер (над 60 km/h). УВ индексот ќе изнесува 7.
Утринската температура ќе биде од 11 до 19 Целзиусови степени, а дневната од 20 до 32 степена.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Температурата ќе биде од 18 степени наутро до 28 во текот на денот.
За утре се најавува променливо облачно и посвежо време со локален краткотраен пороен дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. УВ-индексот ќе биде 6.
Од петок времето ќе биде стабилно и топло.