Јаневска: Во Македонија ниту учениците, ниту наставниците не се спремни да работат целосно без учебници

од Nikola Popovski
274 прегледи

Ниту еден учебник за седмо одделение не е даден во печат. Огромен дел од нив не се одобрени, а некои не се напишани, други не поминале рецензија. Волшебно стапче да имаме, како Влада до септември не можеме да стигнеме да обезбедиме учебници за во седмо одделение, порача денеска министерката за образование и наука, Весна Јаневска за недостигот од образовен материјал за основците.

Министерката појасни дека во тек се разговори со Бирото за развој и образование за да се надмине проблемот.

Идејата е и следната година учениците да учат од старите учебници. Ќе се проверува и дали учебниците одговараат на наставните програми.

-Има едно образложение од Бирото дека се компатибилни, освен за 2-3 теми за кои можат да се направат наставни материјали. Жал ми е, но во Македонија, ниту учениците, ниту наставниците не се спремни да работат комлетно без учебници. Сепак, не е страшно затоа што некои земји од Западот, пред се Шведска, кои користеле само дигитални учебници, виделе дека има потреба од враќање на учениците кај децата, информира Јаневска пред почетокот на годишниот настан „Разговори за еднаквост“ на Државната комисија за спречување и заштита од дискриминација.

Слични содржини