Шефовите на Баерн Минхен се уверени дека ќе го ангажираат германскиот репрезентативец Јонатан Та. На „Алијанц Арена“ веруваат дека Баер Леверкузен ќе се согласи да го продаде својот играч на следната понуда.
Двата клуба веќе извесно време се во преговори, но досега се далеку од разбирање. Баерн за Та понуди околу 20 милиони евра, додека „аспирините“ инсистираа на најмалку 10 милиони повеќе.
Самиот фудбалер веќе ги прецизираше личните услови со германскиот колос. Та му најавил на раководството на Баер дека нема да го продолжи договорот кој му истекува по една сезона, а единствена желба му е трансфер на „Алијанц Арена“.
Во моментов нема информации која ќе биде следната понуда на Баерн, но според Фабрицио Романо, по неа фудбалерот ќе добие дозвола од неговиот сегашен клуб за трансфер.
Се верува дека ќе се постигне договор за Јонатан Та, а газдите на Баварците се склони и да го продадат Матијас де Лихт, кој го бара Манчестер Јунајтед.