58
На граничниот премин „Богородица“ утрово се бележи зголемена фреквенција на возила. Времето на чекање за излез од земјава е околу 40 минути. На „Табановце“ исто така има зголемена фреквенција на возила за влез во државата и времето на чекање исто така изнесува околу 30 минути.
Во моментов на граничниот премин кон Грција се пуштени две ленти за проток на возила.
На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на патните правци надвор од градските средини е умерен.