Герапетритис ги критикуваше Македонија и Албанија на средбата со неговиот австриски колега

од Nikola Popovski
231 прегледи

Грчкиот министер за надворешни работи Јоргос Герапетритис вчера ги критикувал Скопје и Тирана на средбата со неговиот австриски колега Александар Шаленберг во Атина, пишува „Катимерини“.

Герапетритис ги предупредил владите на Северна Македонија и Албанија дека нивните неодамнешни активности ги загрозуваат перспективите на нивните земји за европска интеграција.

„Дејствијата кои покажуваат иредентистички тенденции не помагаат на патот кон европското семејство“, рекол тој.

Герапетритис ги истакнал, како што вели, неодамнешните прекршувања на Договорот од Преспа од страна на Северна Македонија и изразил загриженост за транспарентноста на неодамнешниот попис на населението во Албанија, повикувајќи на усогласеност со европското право.

Шефот на грчката дипломатија по однос на односите со Австрија ги подвлекол силните билатерални врски меѓу двете земји, притоа потенцирајќи ја важноста на соработката во рамките на ЕУ.

Слични содржини