МНР го врати во Скопје амбасадорот Мемеди поради консултации

од Nikola Popovski
71 прегледи

Министерството за надворешни работи го вратило на консултации македонскиот амбасадор во Италија, Весел Мемеди. Како што додаваат оттаму, датумот на средбата со министерот ќе биде дополнително утврден.

Иницијативата за негово повикување произлегла од новиот министер за надворешни работи, Тимчо Муцунски.

Мемеди во февруари годинава испрати допис до италијанските власти, со кој ги информираше дека валидните патни исправи со името Република Македонија од 12. 02. 2024 се неважечки.

ВМРО-ДПМНЕ тогаш излезе со со реакција дека Мемеди на своја рака донел потези со кои им наштетил на македонските граѓани во Италија.

Неколку дена по дописот на Мемеди, МНР, предводено од тогашниот министер за надворешни работи Бујар Османи, испрати нова нота до италијанските власти, информирајќи дека амбасадорот Мемеди нема добиена никаква инструкција да доставува ноти за предметната тема.

Слични содржини