И денеска гужви на „Богородица“ и „Табановце“: Се чека околу 40 минути

од Nikola Popovski
102 прегледи

И утрово ГП „Богородица“ преплавен од автомобили. Според информациите на терен се чека околу 40 минути за излез од Македонија и влез кај нашиот јужен сосед, Грција. Слична ситуација е и при влез во земјава, на граничниот премин „Табановце“, каде што се чека во ист временски интервал.

Викендов се очекува зголемен интензитет на сообраќајот поради летните одмори.

Граничарите на „Богородица“ ги пропуштаат граѓаните во две колони.

На останатите гранични премини, според информациите на АМСМ, нема подолги задржувања за влез и излез од земјава.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

 Од 1 јули до 31 август на државните патишта во земјава воведен е летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.

Слични содржини