Лидерот на лабуристите Стармер по изборната победа: Промените започнуваат сега

од Nikola Popovski
78 прегледи

Лидерот на лабуристите, Кир Стармер, кој ќе биде нов премиер, порача дека Британија гласала за промени и дека е време неговата партија да ги спроведе, говорејќи додека лабуристите ја извојуваа победа на парламентарните избори по 14 години.

„Успеавме, вие се залагавте, се боревте за тоа, гласавте и сега стигна. Промената започнува сега“, им рече Стермер на поддржувачите, пренесува Ројтерс.

Тој посочил дека четири и пол години работа ја смениле Лабуристичката партија.

„Променетата Лабуристичка партија е подготвена да ѝ служи на нашата земја, да ја направи Британија повторно сервис за работните луѓе“, рече Стармер.

Тој додал дека „товарот конечно е тргнат од плеќите на оваа голема нација“.

„И сега можеме повторно да се радуваме, на светлината на надежта, на почетокот слабо, но станува се посилни како што одминува денот“, рекол Стармер.

Новиот британски премиер посочил дека борбата за доверба е „битка која ја дефинира нашата доба“.

„Мораме да ја вратиме политиката на јавен сервис. Да покажеме дека политиката може да биде сила за добро“, рече Стармер.

Претходните излезните резултати покажаа дека лабуристите победија на националните избори со јасно мнозинство, ставајќи го Стармер на пат да ја преземе функцијата премиер од Риши Сунак и да стави крај на 14-годишното владеење на конзервативците.

Слични содржини