Лефков: Филипче наместо во партија, треба да се најде пред суд за вакцините

од Nikola Popovski
50 прегледи

„Венко Филипче е брат по криминал и корупција на Зоран Заев. Тој заедно со Заев бркаа дебели провизии за кинеските вакцини во ек на Ковид. Филипче преку фирмата Стабри Интернешенал од Хонг Конг формирана само три месеци откако СДС дошле на власт во 2017-тата година сакаа да купат вакцини повеќе од 100% поскапо од тоа што го плаќаа другите држави. Додека другите држави купуваа кинески вакцини по најмногу 30 долари, Филипче сакаше преку посредничка фирма да плати 62 долари, што е најмалку 100% повеќе“.

Ова денеска на прес-конференција го изјави Миле Лефков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во македонското Собрание.

Според пратеникот, „од 200.000 вакцини, Филипче и Заев на фирмата посредник и местеле над 6 милиони евра провизија. Каде требало да завршат овие 6 милиони евра? Дали Заев и Филипче се тие кои стоеле на крајот на криминалната шема? Колку матни тендери се изреализирани и колку милиони испумпани од државата?“.

„Филипче доаѓа за претседател на СДС поставен од Заев, со цел и двајцата да го притискаат Обвинителството да не отвора постапки против нив, а ако во тоа не успеат, да се жалат дека се гонети како последица на политички притисок. Филипче кој сакаше да го краде својот народ во ек на Ковид додека илјадници умираа и страдаа, нема најпрвин морална величина да биде претседател на партија, а потоа наместо во партија, треба да се најде пред суд. Филипче само сака да се заштити себе, а потоа и повторно некогаш да дојде во позиција за да го краде народот. Филипче и Заев се прочитана книга“, вели Лефков.

Слични содржини