Санчо до Сака: Брат, го направи тоа за мене и Рашфорд

од Vladimir Zorba
81 прегледи

Ладнокрвното изведување на пеналите од Англија во четвртфиналниот дуел со Швајцарија на ЕП 2024 можеби изненади многумина со оглед на низата историски неуспеси на тимот во таа компонента од играта.

Погоди и Букајо Сака, за кого тоа беше најемотивен момент. Напаѓачот на Арсенал беше еден од тројцата англиски играчи кои промашија од белата точка на пенали против Италија во загубеното финале на претходното Европско првенство. Тогаш непрецизни беа и Маркус Рашфорд и Џејден Санчо.

Токму сега Санчо побрза да му честита на Сака за добро завршената работа.

„Многу сум горд на ова момче! Букајо Сака, брат, го направи тоа за мене и за Маркус“, напиша Санчо на Инстаграм.

Слични содржини