Саутгејт ги нападна англиските медиуми

од Vladimir Zorba
25 прегледи

Селекторот на англиската репрезентација Герет Саутгејт ги критикуваше англиските медиуми дека објавуваат информации од „кујната на тимот“ пред натпреварите од европското фудбалско првенство.

„Се обидуваме да освоиме важен фудбалски турнир и нашите сопствени медиуми протекуваат информации за нашата тактика два часа откако сме завршиле со тренинзите. Ќе ми кажат дека информациите ги добиле директно од нашиот табор, но како тоа му помага на тимот? На тимот му ја даваме нашата тактика и тие веројатно очекуваа да играме поинаку. Се подготвувавме за тоа веќе три дена Саутгејт, цитиран од talkSPORT.

Англија во четвртфиналето ја елиминираше Швајцарија на пенали, а во полуфиналето на ЕП 2024 ќе игра со Холандија.

Слични содржини