Три жени се повредени денеска во сообраќајната несреќа, која се случи кај ТЦ „Мавровка“, откако автобус на ЈСП со број „2“ излета од коловозот и заврши во средишните жардиниери.
Од Итната медицинска помош соопштија дека пренеле три жени во Градската болница односно Клиниката „Свети Наум Охридски“. Според нив, сите три биле со полесни телесни повреди, а едната од нив се жалела на болки во ногата.
На местото на сообраќајката е излезена полицијата, која врши увид, а повеќе детали најавуваат за подоцна.
Според она што може да се забележи, автобусот урнал дел од бетонската ограда. Евидентно е дека малку недостигало, „двојката“ целосно да се преврти на булеварот.
Сообраќајот на овој потег од градот се одвива со полициска асистенција. Засега не е познато како дошло до несреќата.