Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски посочува дека многу е важно што државата е дел од НАТО и тоа е благодарение на државничките одлуки во изминатиот период. Според екс-министерот, сериозна работа е да седите на иста маса со најголемиот воено политички сојуз и да креирате политики со сите држави на Алијансата.
-Мислам дека најавите од страна на грчкиот премиер дека ќе се отвараат прашањата (околу почитувањето на Преспанскиот договор), посакувам да не се случи, рече синоќа Спасовски во емисијата „24 анализа“ во однос на фактот што од денеска до четврток во Вашингтон се одржува Самитот на НАТО по повод одбележување на 75 години од формирањето на воената алијанса. На Самитот присуствува и македонска владина делегација, а засега не е планирано да се одржи средба меѓу двајцата премиери Христијан Мицкоски и Кирјакос Мицотакис.
Пратеникот на СДСМ се осврна и на новата влада и најголемата партија што ја предводи владата. Според него, ВМРО ДПМНЕ едно зборуваше и ветуваше пред граѓаните а сега прави сосема друго.
-И во предизборниот период и во годините од потпишувањето на Преспанскиот договор ВМРО-ДПМНЕ имаше став дека Преспанскиот договор не треба да постои, дури одеше дотаму дека треба да се поништи. Сега слушаме дека политиката на ВМРО-ДПМНЕ кон Преспанскиот договор е променета, велат Договорот е реалност, кажа Спасовски.
Во врска за случајот со грабнувањето и двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Спасовски истакна дека сите процедури се проследени до внатрепшната контрола и нема никаков пропуст во истрагата и сите потврди на обвининенија се испочитувани.
-Таа истрага и сомневања беше отворена преку внатрешна контрола и нема никакви пропусти во однос на постапките и дека треба да дојде до промена на одредени правилници. било кој случај на криминал на територијата е ва важно да го видиме во судница со извршување на санкција, кажа екс-министерот за внатрешни работи.