Се очекуваат пеколни горештини: Портокалов аларм до средината на следната недела

од Nikola Popovski
91 прегледи

Во текот на следната седмица ќе се соочиме со најдолгиот и по се изгледа најизразениот топлотен бран ова лето. Температурите кои ги очекуваме ќе бидат навистина екстремно високи, па така тие во најголем дел од Македонија ќе се искачат до и околу 40 степени.

Според УХМР, особено топло ќе биде од четврток до средината на следната седмица кога на повеќе места ќе биде активирано портокалово ниво за опасност од високи температури. УВ индексот ќе биде многу висок, до екстремна вредност 9.

Се очекуваат на сила да стапат општи препораки за заштита од топлотен бран согласно Здраствениот акционен план за превенеирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на луѓето.

Утре времето ќе биде сончево и многу топло, а попладне со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Температурата ќе се искачи до 40 степени во Гевгелија, а во Скопје и Струмица ќе биде до 39 степени.

Слични содржини