Германскиот интернационалец Карим Адејеми е дел од трансфер листата на англискиот Челси, пренесе „Скај Спорт“.
Засега се уште нема конкретни преговори со 22-годишниот фудбалер, ниту со неговиот сегашен клуб Борусија Дортмунд.
Двете страни имале само првични контакти со претставниците на лондончани за да се запознаат со ситуацијата околу Адејеми и разговорите се во рана фаза, а преговорите со неговиот германски тим допрва треба да следат.
Самиот фудбалер не крие дека под услов да ја напушти Борусија Дортмунд во Бундеслигата, повеќе би сакал да игра во англиската Премиер лига.
Друг англиски тим, Ливерпул, исто така следи што се случува со Карим Адејеми, како и италијанските Јувентус и Милан.
Минатата сезона Адејеми на 34 настапи во сите натпреварувања постигна 5 гола и имаше 2 асистенции.