Мицкоски разговарал со Рикер за предизвиците со кои се соочува Македонија

од Nikola Popovski
48 прегледи

Посетата во Вашингтон ја искористив за средба со поранешниот амбасадор на САД Филип Рикер, информира премиерот Христијан Мицкоски кој заедно со повеќечлена владина делегација се наоѓа во Вашингтон каде учестува на Самитот на НАТО.

Претседателот на македонската влада информира дека разговарале за предизвиците со кои се соочува Македонија, како и за поддршката која е потребна за остварување на стратешките интереси.

-Разговаравме и за потенцијалот кој го нуди регионот за економска и политичка соработка. Мораме да ја менуваме реалноста и да го подобруваме животот на граѓаните, објави премиерот.

Во текот на вчерашниот ден, владината делегација се сретна и со Ричард Гренел, поранешен директор на американската разузнавачка служба и добар познавач на состојбите на Балканот.

Премиерот Мицкоски вчера одржа и предавање на престижниот универзитет Џон Хопкинс во Балтимор. Пред присутните тој зборувал за почетокот на преговорите меѓу Скопје и ЕУ, нагласувајќи дека С. Македонија нема гаранција за конечното барање во преговорите со Бугарија, што го кочи целиот процес.

„Нема да можеме да бидеме подготвени за почеток на преговори ако во Уставот не вклучиме неколку стотици наши граѓани, кои се дел од бугарското малцинство во Македонија. Кој може да ни гарантира дека тоа е последното барање? Во Судот за човекови права во Стразбур имаме 14 пресуди кои велат дека се прекршени правата на македонската заедница во Бугарија и тоа го наметнува логичното прашање чии права се повредени“, прашал меѓу другото премиерот.

Слични содржини