🎥Меси испиша историја: Со магија ја одведе Аргентина до финалето и го престигна својот славен сонародник

од Nikola Popovski
76 прегледи

Првиот финалист на 48. издание на Копа Америка е Аргентина, бранителот на титулата. „Гаучосите“ во полуфиналниот меч ја победија Канада со 2:0, ја оправдаа улогата на фаворит што ја имаа, па ќе имаат можност да ја одбранат титулата најдобри во големото финале.

Алварез ја доведе Аргентина во водство во 22. минута, а потоа Меси го искористи невниманието на Коренлиус на почетокот на вториот дел и ги постави конечните 2:0. „Гаучосите“ сега гo чекаат ривалот за полуфиналето, односно подобриот од дуелот Колумбија-Уругвај кој ќе се игра следната вечер.

Токму на оваа полуфинална средба Лионел Меси собори два рекорда. Со голот во 51. минута го престигна легендарниот Габриел Батистута по бројот на голови на завршните турнири на Копа Америка. Ова беше 14-ти гол за Меси, додека Батистута остана на 13. Исто така, Меси стана првиот играч во историјата на ова натпреварување кој постигнал барем еден гол на шест турнири.

Слични содржини