Петровска открива: Поделени повеќе од 50 незаконски решенија за распоредување на полицајци и раководители

од Nikola Popovski
90 прегледи

Поранешната министерка за одбрана и актуелна пратеничка, Славјанка Петровска обвини за незаконско прераспоредување на полициски службеници во последните седум дена. Според неа, дел од ваквите „рокади“ има и на раководни позиции.

Петровска истакнува дека целата ситуација се спроведува со закани.

-Во рок од 7 дена во МВР “се поделени”, под притисок и закани повеќе од 50 незаконски решенија за распоредување на полициски службеници, дел од нив и на раководни позиции.

Во Агенцијата за разузнавање се назначи заменик директорка, без законски потребното работно искуство. Се подготвуваат партиски послушници и во АНБ и Военото разузнавање.

И Мицковски најавува нова реформа на безбедносните служби и нивното спојување? Не, тоа ќе биде полициско партиска држава со концентрација на моќ кај некој нов Горан Грујовски, објави Петровска на социјалните мрежи.

Неодамна беше објавено дека ќе има спојување на Агенцијата за разузнавање (АР) и Агенцијата за национална безбедност (АНБ) во една единствена безбедносно-разузнавачка служба. Вакво нешто е предвидено во програмата на новата влада, предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Слични содржини