НАТО: Безбедноста на повеќе од милијарда граѓани зависи од вложувањата во одвраќање и одбрана

од Nikola Popovski
56 прегледи

Трансатлантската одбранбена индустриска соработка е клучен дел од одвраќањето и одбраната на НАТО, од кои зависи безбедноста на повеќе од милијарда граѓани, се вели во соопштението објавено по првиот работен ден од Самитот на НАТО во Вашингтон.

Како што е наведено, Алијансата ги повикува земјите-членки да ја унапредат соработката со Украина, што подразбира поддршка на таа земја, меѓу другото, преку поттикнување и проширување на одбранбената соработка меѓу сојузниците и украинската одбранбена индустрија.

Како што се наведува во соопштението, одбранбената индустрија на членките на НАТО им ја обезбедува опремата што им е потребна за борба, ја зајакнува нивната технолошка предност и игра важна улога во зголемувањето на подготвеноста и интероперабилноста на силите.

Слични содржини