Филипче ги аминуваше милионските тендери на директорката Пановска кон веледрогеријата на татко ѝ, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ

од Nikola Popovski
54 прегледи

Нов ден, нови обвинувања од ВМРО-ДПМНЕ кон новиот претседател на СДСМ, Венко Филипче. Според владеачката партија, Филипче додека бил министер за здравство „ги аминувал милионските тендери на директорката Пановска кон Веледрогеријата на татко ѝ“.

Како што велат од партијата на Христијан Мицкоски, „Филипче дојде на чело на СДСМ за да се заштити“.

-Венко Филипче како министер беше соучесник во тендерите кои Клиниката за Хематологија, каде директорка беше Ирина Пановска ги даваше на Веледрогеријата др. Пановски, во сопственост на таткото на Пановска. Без Венко Филипче тендерите тешки милиони во здравството, а кои ја брануваа јавноста немаше да бидат можни, истакнуават од ВМРО-ДПМНЕ.

Додека беше опозиција, ВМРО-ДПМНЕ постојано обвинуваше дека „Клиниката каде директорувала ќерката Пановска доделила нов тендер од 3 милиони евра на веледрогеријата на таткото Пановски“. Од партијата обвинуваа и за спрега меѓу МАЛМЕД, Министерството за здравство и веледрогеријата, нарекувајќи ги нарече „свето тројство“ и предупредуваа дека скандали како тој на Онкологија ќе ни се повторуваат сè додека таква спрега постои. Од веледрогеријата „Д-р Пановски“ ги демантираа ваквите шпекулации и невистини.

Венко Филипче, поранешен министер за здравство и актуелен пратеник победи на внатрепартиските избори во СДСМ со 9.052 гласови пред второрангираниот Јован Деспотовски со 2.705 гласови, од 95 отсто обработени гласови од 77 избирачки места.

Мандатот на новиот претседател, според актуелниот партиски статут, ќе биде до март 2025 кога би требало да има редовни избори за лидер кој би ја водел партијата во следните четири години.

Слични содржини